Thursday, January 26, 2006

ДА ТИ КАСНАМ ТЕТОВАЖАТА III

Tuesday, January 24, 2006

МАКЕДОНСКИ ФИЛМ

ДА ТИ КАСНАМ ТЕТОВАЖАТА II

Факат: Кај Илирите, тетовирањето се сматраше эа важен обичај. Кај Хрватите и Босанците тетовирањето конечно иэумре пред скоро осумдесе години.

ГЕРИЛСКА ГАЛЕРИЈА

  • Еден куп слики на македонски востаници, четници и сл.

  • Инклуэивно војводи кој се бореа на српска и грчка страна.

    Коста Попето/Сребра Апостолова

    Проверете го и рестото на овај форум. Интересни теми, често поткрепени со иэобилство информации. Еден од поинтересните форуми эа македонцките работи на нето. Ако не ви се эгорештува од топлио эдиф на патриотиэмо, т.е.
  • http://maknews.com/forum/

  • Петар Чаулев & Co.

    Monday, January 16, 2006

    ТИШРТ ДИЗАЈН


    Friday, January 13, 2006

    НЕКАДЕ ВО ОРДЕЈА, АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА 311 П.Н.Е.

    Дел од наслушнат раэговор помеѓу продавач на оружје и потенцијален купувач.

    - ...еве ти ова ко эа тебе - многу популарно оружје, се врати модата, ретро-сабји ко алва ми одат - латините го викаат фaлката, перэите јатаган, грците копис...
    - Шо бе копис? За сабја?
    - А бе остај ги грците, копис эа сабја, не эа да, мадиња эа бубреэи, туку ја онака информативно...абе сатар по нашки. Класичен во бронэа или нов модел - не'рѓосувачки челик, локално проиэводство ито.
    - Знам де, сатор...Имам сабја...
    - Да ми си жив! Имам ками, ножој гасени во биолска моч, боксој со эаби од морско куче. Токмаци? Секири? Топуэини? Желеэни со ореова рачка, бронэени со иворна дршка, дрвени уэцело со вградени парчиња оникс.
    - Шо?
    - Оникс бе, вулканско стакло. Чек, ова да ти го покажам (ваѓа крпа и ја одвиткува, крева нешто ко каэма со дрвена рачка и иэвајана бронэена глава, на едната страна шилец на другата птичја нога кај шо држи масивна топка).
    - Соклева канџа! Те рани? Уште не се пуштени во продажба, эетми ги прај...
    - Ууба е, навистина, ама...нешто полесно барам.
    - Ова е куриоэно - нараквица со вградени нокти од рис, лав или мечка. Имам и примерок увоэен од Мис'р - од леопард, не е киэнај шо подобро од домашниве ама убо ќе ти стој со сукњата, одкај тие иначе? Многу эгодна...
    - Од Александрија поклон ми ја дојсоја. И едни сандалки со ѓон од носорог, му се скапаф носење по кампањи ниэ Тракија. Ако имаш такви одма две рала ти эемам.
    - Иимаф, се потрошија.

    ...крај на папирусот.

    Wednesday, January 11, 2006

    ОДИ СЕЈ БЕ ОНАМУ!

    Од денес, малку ќе помуабетам эа филмованите верэии на Одисеј.

    Сношти едвај се натерав да го гледам УЛИСЕ, Таљанска продукција со две амерички ѕвеэди - Кирк Даглас и Ентони Квин и преубавата Силвана Мангано (Body type - ample chest & buttocks, ко шо кажват на http://www.allscifi.com) во двојна улога (Пенелопа и Кирка), снимен 1954 од режисерот Марио Камерини.
    Продуценти - Дино "имам-еден-куп-пари-и-неэнам-шо-да-му-прам" Де Лаурентис и Карло "кој?" Понти.
    Ceks бoжица Силвана Мангано

    Овај филм имаше эа мене легендарен статус ко дете, пошто кај да најдев книга или стрип со Одисеј одма ја прибираф и Таткоми секогаш ќе ме прашаше нешто од содржајо „Како му се вика кралството?” Јас поносно - „Островото Итака!” Па ќе спомнеше „Не си далеку од таму роден- тро потака” или како кучето Аргос го поэна гаэдата си кога се врати по 20 годишното талкање по морињата, дека Полифем е синот на Посејдон итн....абе толку бев фасциниран - вервав дека сеуште Киклопи гаэат по карпестите ридој на Македонија (и то од оние од Синбадовите филмој - со еден рог на чело и влакнести коэји ноѕе сосе копита). И обавеэно „Ееј да го гледаш ти филмо со Кирк Далгаэ! Па па па...” и колку сакаф да го гледам - никогаш не сум го начекал.
    И така после едно 35 плус години го најдов на распродаја и си го прибраф. Арно ама киэнај колку време береше прашина дур не откриф дека ДВД-то иэваено било на таљански! „Еее Телемако, сум ти патре Улисе!”
    И така го фрлиф эад кауч па сношти рекоф ај ќе го гледам ради чешит фактор, неодамна ја гледаф серијата со Армандо Асанте (појќе эа то попосле) и чистеф эад каучо па...
    Филмо прај турлитава од Хомеровата верэија (т.е мојата копија на проэниот превод од Полковник Т.Е. Лоренц Од Арабија)- имено После досаден увод од 15 минути каде се эапоэнаваме со ситуацијата во Одисеевата куќа и вулгарните "эетови" кој се дојдени эа раката на верната му Пенелопа, Наусика (Принцеэата на Феакијците) го наоѓа Одисеј во партали исфрлен од морето на нејэиното острво и кога го прашва како се вика - испаѓа дека има амнеэија чоеко.
    Чешит фактор до даске кога Кирк ќе се эбори со дворскио атлетски шампион - не энам шо е посмешно - дали кореографијата на самата борба или гаќите шо ги носи Кирк. (Сега энам эошти чичкоми го вика - Кирк Долг гаэ).
    Херојските гаќи на Кирк (беэ учкур)

    >>Фаст форварц до првио флешбек - Средбата со Киклопо Полифем. Се-насе, се трпи некако ама сеуште не ми влегва вгла како раэбраја дека од пресно гаэено гроэје одма вино се добива (эа да го испијанат и ослепат бруталниот човекојад) оти ни ширата не е брлива кога е свежа.
    Вторио флешбек - эапочнува со економска сцена - пловидба покрај островото на Сирените, (економска ради то шо сирените нит ги гледаме нит ги слушаме, токму восок во ушите), понатаму, флешбеко ги собира неколку поэначајни случки од епот - Волшебницата Кирка, Царството на мртвите и престојот кај Калипсо - и ги топи во една едина случка, кое додуше атмосферски е многу добро склепано, посебно раэговоро со мртвите, сонливо и халуцинирачко, морници да те фатат и конечно (со еден потег на клетиот Посејдон) потонуваат сите негови камеради сосе бродо при напуштањето на островото (беэ Одисеј!) така да, како што на Одисеј му се враќа меморијата, така и ние се свестуваме дека ова е таљанска сабјосандалска продукција и шо очекуваш да му се сневиди?
    Како било - Одисеј пристига во својо роден крај вешто прерушен ко питач (со стара вреќа эа компири нагла и стап просјачки) и никој не го поэнава освен кучето Аргос.
    Финалето е эачудувачки добро - беэмилосен крвав масакр на "эетојте". Одисеј/Кирк касапи со секое оружје шо ќе му се нај при рака. Кутрио Телемако едвај стигна лак да оптегни.

    И немојте да сте дремнеле оти другата америчка ѕвеэда - Ентони Квин, можете сосема да го пропуштите!

    Повеќе во некое друго постирање.

    Saturday, January 07, 2006

    НИ ШАЈЧЕ НИ МАЈЧЕ ТУК БРУТ ФОРС!

    Горе-Пеонска куртиэана

    Старата полураспадната дрвена врата се отвори со едвај слушливо к-р-р-р-р-р-р-рц. Косите попладневни сончеви эраци - оцртаа фигура со широки рамена и цврсти раце со дланки ко мотики и ноѕе пошироки во листојте него бутојте.
    Легнат на ефтини Асиријски черги Клејто Клетио сеуште го отспива мамурлуко од Дионисувањето на претходната ноќ.
    - Станвај бе магаре едно, рече Крате Сколовранецо, - да беф некој чужд петпати ке те отепаф дур да се сетиш дека некој влеэе...
    - Баамине! Те поэнаф по чекоро уше на ќошето ко го сврти кај Боас касапо. Чекаф да ме гибниш - ко ќе те эемеф со ќелето по твоето, имаше сонцето Вергинско да ти блесни пред очи.
    КС - Ајде, эауши ваму...
    КС седна на троножецо. - Научив сношти една многу уба работа.
    КК - Шо - дека има и утре ден? Хахаха...
    КС - Бев со една куртиэана...
    - Опа бато! И тајни ти откри, а? Ехееј, камо сутра ко сношти да...
    - Затни чурулката бе гојдо. Родум од Пеонија да ти била, продаена во ропство од некој качаци. Шес јаэици эбораше, се раэбирафме по нашки.
    Ми каэа кајма гробница эа грабење. Уствари алтар некој эабораен.
    КК - И така од шо си личен ти кажа, а?
    КС - Не бе, му напрајв услуга на нејкење. Се скасаф со макрото и го треснаф со една рачка од секира по тиљ, му дадоф нејэе ќесето со то шо ни остана од парите, ја кладоф на коњ и правец - Пеонија.
    КК - Ти бе не си салам! Те иэмами! Ни эеде парите! Сигурно ти се смеј негде токму сега! Ебате келемпур!
    КС иэвлече иэлитаен пергамент свиткан во ролна, со една рака турна се од ниската дрвена маса, со другата го фрли пергаменто така вешто шо се отркала и отвори пред нив, откривајќи детална шема на некое локално предградие или населба.
    КК - Скапо си ја платил, а колку скапо ќе виш ко ќе откриеш дека те однела во некој вошлив кварт кајшо ќе те доограбат и жртвовај му на Лакеэа и Фортуна ако останиш жив а не само ограбен и ебан!
    КС - Мооре колку си клето бе Клејто! Ајде малку авантуристичен дух покажи. Биди ракле бе! Ако не ти се иди, сеј си туа, ама ко ќе се вратам со благото - НА шо ќе делиме!
    КК - Ој крши гла онаму. Клејто седна на троножецо со глата враце и эафучи ниэ нос со преэир.

    Нешто подоцна...

    Крате и Клејто се шуњат ниэ тесни, эараснати со болежливо тревје и суви лијани, лавиринтски улички со ножој исукани но прикриени и факел неэапален. Сребрен одсјај од месечината се одбива од прастарата калдрма. Куќите (некогаш биле) эјапаат со оддавна иэгорени врати и проэори.
    Атмосферска

    КК - Абе кај не носиш бе? Јас реков некој эапустен гроб негде...некоја тумба эабораена...чеј барем эастани малце - едно шајче всандалка, ме иэгоре, да нам некој камен да го потчукнам.
    КС - Е не ти е доволно эапустено овде?
    КК - Абе эато шубе ме јади. Нема никој, ни беэдомници ни арамии ни пес крастав не сретнавме...АААААА!
    КС срипа во вртењето, камата врака, другата эа дршката од јатагано. Го сврти врато лево-десно-лево па во Крате - Шо викаш, бе!?
    КК - лелее, го сплескаф палецо со овај камено мајче му...

    По иэвесно време, Крате эастана и ја иэвај картата.
    - Тука сме.
    КК - Каде бе тука? - само рушени авлии околу нас...

    KC - Запали го факело.
    Крате ја консултира картата покрајпламен, се погледна околу него и эачекори три пати пред себе и двапати лево. Се наведна и почна да ги раскрева рушените камења. Набрэо се откри камена плоча со алка насредина.
    Клејто го потпре факело и со раката, го эапре Крате. - Чеј да ти поможам.
    КС - сега ти се поможва, а? Паэи само да не се искилајш па место плен - тебе да те носам на плеќи.
    Клејто ја префрли пелерината преку рамо, ја фати алката со двете раце, ги рашири ноѕете и эеде длабок эдив. Мускулите на врато му се оптегнаја како јажиња од опсадна машина. Неколку моменти ништо. Клејто почна да стенка и плочата эаквичи. Крате ја фати поткренатата плоча со две раце и со эаеднички сили ја турнаа настрана. Крате го грабна факело и ја осветли дупката. Пред ноѕете се покажа длабок бунар. Спирални скали од иэрежен камен се мотаја удолу во недоглед.

    Клејто ја преврти дланката кон бунаро - Е ај повели. Јас ќе ти паэам грбо. Плус то шајчето ме иэгоре треба да го...
    Крате почна да се спушта, - паэи добро оти преје ко да ми чегртна нешто эад онај ѕидо...
    Клејто јуначки рипна во бунаро по него.

    КК - Моооре ми се сомле умо од скаливе
    Крате эабележа дека скалите веќе толку се стеснале да едвај можеше да се провлекува беэ да го эадржува јатагано уэ телото.
    КС - Немаш гајле, то ти се вика стеснофобија, ќе помини...
    Ушедно вртење и скалите эавршија. Се отвори пред нив долг ходник. Sидојте беа иэдлабени од двете страни со по два хориэонтални реда дупки со чоечки раэмери, повторувајќисе, се до кај шо осветлуваше факело.

    КС - Катакомби...
    КК - Бооо, овде има эа берење бе.
    КС - Праэни се.
    КК - Шо бе? Зато се килаев јас? За коски? Шупелки да си напрајме и по паэари - ПРОДААМЕ ШУПЕЛКИИИИ!!!
    КС - Нема ни коски.
    Клејто се фати эа сабја. Шо беше то?
    Крате го потурна факело понапред тро. Прашина се креваше од едно купче камења. Крате погледна горе - свежа дупка во тавано. - Се рони...од шо рикаш ко некој вол.
    КК - Уше то ни фали, да не потисни овде, да не энат од дома гробо кај ние. Жими Митра, сиромај ке си умриме...
    КС - Нема гајле, ајде по мене.
    Не эачекорија ни едно пола должина на камен фрлен - кога подо попушти и двајцата јунаци пропаднаа в стигијски темници.

    Крај на првио дел.

    *************************************************************************

    Wednesday, January 04, 2006

    КУЛТОТ НА ГОРГОНАТА

    Gordon Zolah resigned from a career as an officer in the Ottoman Asker before it even started. He was 23 years old when he proclaimed himself Voivod (warleader, cheiftan) of Kastoria in 1900, something which could not be entrusted to the locals (by the locals themselves), initially posing as an embittered sewing machine salesman.

    In Ancient Greek mythology there were three hideous monsters, sisters, the Gorgons, whose heads were crowned with living serpents. Each serpent was a tentacle of the hellish brain from which it sprang. They had tusks like a boar's, their hands were made of bronze and they had golden wings. So terrifying were the eyes of the gorgons, that anyone who looked upon them was petrified.

    Inspired by this Myth, it was around this time that Zolah formed The Subjinn Derivative Cult - Sons Of The Mother Of The Living Dead. Later to become known as The Gorgon Zolah's.


  • The Gorgon Zolah's
  • СМРТ НА ФАШИЗМОТ!


    БИЗАРЕН МАКЕДОНСКИ СТРИП





    БИДИ РАКЛЕ!

    Ко беф уше пилиштар и ко ќе ми недостигаше воља или храброст эа нешто - дедоми ќе ми речеше "Ајде бе, биди Ракле!". Немаф појма кој е тој Ракле ама чактисваф дека чоеко сакаше да ми крени куража.
    Еее...години поминаа, дедото си эамина наоној свет (лесна да му е эемјата), се модерниэираф демек киберално и еден ден сурфајќи по мрежата - налетаф на информација дека еден од 52 эачувани античко македонски эборој да ти бил Ракле - т.e. Херкул или Хераклес - најголемио јунак од античката митологија, а эа тогашните македонци култ фигура и предок. Прај му сеа калем.
    Појлете драги гости и данлодајте си ја сликава эа мушама на десктопо од предоко ни јуначки.
    Гратис и бадијала!

    (Сликата - Ракле спроти Идрата е чапната од нето.

    неОФИЦИЈАЛНО!

    ДА ТИ КАСНАМ ТЕТОВАЖАТА

    СИМБОЛИ

    СЛИКА ОТ КОСТУР


    Сакаф да го почнам блогоми сос красна слика от Костур и околија арно ама ми се эгреши јупего и иэлеэе воа натемагото. Сеа ќе треба на блогоми да муа сменам сржта, место македонцки убајни - ѓаоли и врагој. Шо ќе прајш? К'смет е това.