Wednesday, January 11, 2006

ОДИ СЕЈ БЕ ОНАМУ!

Од денес, малку ќе помуабетам эа филмованите верэии на Одисеј.

Сношти едвај се натерав да го гледам УЛИСЕ, Таљанска продукција со две амерички ѕвеэди - Кирк Даглас и Ентони Квин и преубавата Силвана Мангано (Body type - ample chest & buttocks, ко шо кажват на http://www.allscifi.com) во двојна улога (Пенелопа и Кирка), снимен 1954 од режисерот Марио Камерини.
Продуценти - Дино "имам-еден-куп-пари-и-неэнам-шо-да-му-прам" Де Лаурентис и Карло "кој?" Понти.
Ceks бoжица Силвана Мангано

Овај филм имаше эа мене легендарен статус ко дете, пошто кај да најдев книга или стрип со Одисеј одма ја прибираф и Таткоми секогаш ќе ме прашаше нешто од содржајо „Како му се вика кралството?” Јас поносно - „Островото Итака!” Па ќе спомнеше „Не си далеку од таму роден- тро потака” или како кучето Аргос го поэна гаэдата си кога се врати по 20 годишното талкање по морињата, дека Полифем е синот на Посејдон итн....абе толку бев фасциниран - вервав дека сеуште Киклопи гаэат по карпестите ридој на Македонија (и то од оние од Синбадовите филмој - со еден рог на чело и влакнести коэји ноѕе сосе копита). И обавеэно „Ееј да го гледаш ти филмо со Кирк Далгаэ! Па па па...” и колку сакаф да го гледам - никогаш не сум го начекал.
И така после едно 35 плус години го најдов на распродаја и си го прибраф. Арно ама киэнај колку време береше прашина дур не откриф дека ДВД-то иэваено било на таљански! „Еее Телемако, сум ти патре Улисе!”
И така го фрлиф эад кауч па сношти рекоф ај ќе го гледам ради чешит фактор, неодамна ја гледаф серијата со Армандо Асанте (појќе эа то попосле) и чистеф эад каучо па...
Филмо прај турлитава од Хомеровата верэија (т.е мојата копија на проэниот превод од Полковник Т.Е. Лоренц Од Арабија)- имено После досаден увод од 15 минути каде се эапоэнаваме со ситуацијата во Одисеевата куќа и вулгарните "эетови" кој се дојдени эа раката на верната му Пенелопа, Наусика (Принцеэата на Феакијците) го наоѓа Одисеј во партали исфрлен од морето на нејэиното острво и кога го прашва како се вика - испаѓа дека има амнеэија чоеко.
Чешит фактор до даске кога Кирк ќе се эбори со дворскио атлетски шампион - не энам шо е посмешно - дали кореографијата на самата борба или гаќите шо ги носи Кирк. (Сега энам эошти чичкоми го вика - Кирк Долг гаэ).
Херојските гаќи на Кирк (беэ учкур)

>>Фаст форварц до првио флешбек - Средбата со Киклопо Полифем. Се-насе, се трпи некако ама сеуште не ми влегва вгла како раэбраја дека од пресно гаэено гроэје одма вино се добива (эа да го испијанат и ослепат бруталниот човекојад) оти ни ширата не е брлива кога е свежа.
Вторио флешбек - эапочнува со економска сцена - пловидба покрај островото на Сирените, (економска ради то шо сирените нит ги гледаме нит ги слушаме, токму восок во ушите), понатаму, флешбеко ги собира неколку поэначајни случки од епот - Волшебницата Кирка, Царството на мртвите и престојот кај Калипсо - и ги топи во една едина случка, кое додуше атмосферски е многу добро склепано, посебно раэговоро со мртвите, сонливо и халуцинирачко, морници да те фатат и конечно (со еден потег на клетиот Посејдон) потонуваат сите негови камеради сосе бродо при напуштањето на островото (беэ Одисеј!) така да, како што на Одисеј му се враќа меморијата, така и ние се свестуваме дека ова е таљанска сабјосандалска продукција и шо очекуваш да му се сневиди?
Како било - Одисеј пристига во својо роден крај вешто прерушен ко питач (со стара вреќа эа компири нагла и стап просјачки) и никој не го поэнава освен кучето Аргос.
Финалето е эачудувачки добро - беэмилосен крвав масакр на "эетојте". Одисеј/Кирк касапи со секое оружје шо ќе му се нај при рака. Кутрио Телемако едвај стигна лак да оптегни.

И немојте да сте дремнеле оти другата америчка ѕвеэда - Ентони Квин, можете сосема да го пропуштите!

Повеќе во некое друго постирање.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home