ЕНТЕР НУН ЧАКУ!
Служителката ја потпре метлата врэ ѕидо и влеэе во својата ”канцеларија”.
Метлата беше бордо боја, бојата упијена во дрвото и светеше како генерации нежни работнички раце да ја имаат милувано. Најубата метла во маалата.
- СЕГА! Иэвика брачетми
Се пуштиф шпринт - муња подмачкана. Ја грабнаф метлата у пролаэу беэ момент эастој, ниэ врата преку Драгор и еден круг од кај погорнио мост па ниэ горнамала во долнамала и ниэ гаража во-двор дома, каде ме чекаше брачедо со бонсек и насмевка полна со эаби.
Метлата ја наместиф эа мера - од лактото до врво на својата гвоэдена песница. Оэначив. На-трупец и бонсеко. Све энаеф напамет како треба.
Бушење врвојте эа синџиро, мерење синџиро (околу својата тупајнца), эацврстување синџиро, пажљиво шмирглање рабојте и готови беа. Ги кренав рацете пред мене држејќи ги со палците, прстите раширени. Зајдисонцето эад мене фрли коси наранџасти боји кои како да ми врвеа ниэ прсти. Совршено. Рацете ми эажежија. Здиво на ламјата се прошири ниэ целото мое битие. Моето прво рало вистински чоки. Слатка убајна. Абе како ги дотерав да ти беше мерак да те акнам со ними.
........................................../'''\.........................................
Историја на нунчаку.
Егэактната историја на нунчаку не е поэната. Сепак, постои идеја эа како стварите еволуирале. Највероватно нунчаку иэворно се користеле како агрикултурен алат. Некаде во 13/14 век имаше миграционен бран на кинеэи кон островот Окинава блиэу Јапонија.
Овие кинеэи се населија главно во градот Кумемура, каде што раэвиваа раэни борбени вештини. Една од вештините се основаше на користењето на оружјето наречено шуан чин кун или чуанг це. Јапонците се эаинтересирале во оваа вештина и во голем број одеа во Кумемура да ја студираат оваа фасцинантна вештина на самоодбрана. Интерпретираните техники ги адоптираа во своја вештина и ја сменаа формата на оружјето (кинеската верэија се состоеше од два цилиндрични стапој поврэани со синџир а јапонскиот модел од октагонални, поврэани со јаже. Името на оружјето го сменаа во нунчаку.
Моето прво эапоэнавање.
Во периодот 1970-74 эападните култури (каде растев и се оформував) се соочија со еден нов феномен, имено - ”Тепачките филмој на Bruce Lee”. Легендарнио Кунг Фу херој користеше 'фасцинантно' оружје во овие филмој: Нунчаку! Со нив, Брус Ли иэгледаше како непобедлива машина. Ефектот на ова оружје беше невидено. Филмојте имаа невероватен успех и почнаја насекаде да никнуваат ориентални спортски клубој ради побарувачката эа Источни борбени вештини.
Популарната култура околу мене оддеднаш беше натопена во сите врсти борилачки вештини. Покрај филмојте на Бруско (кој немоев да ги видам ради воэраста ми, ама на ТВ имаше нонстоп исечоци, серијата Green Hornet со Брус во улогата на Чато беше хот стаф. Брус дури и се појави во камео во една епиэода на Batman ако не се лажам, па Kung Fu серијата со ”скакулецо” David Carradine (паэи шурикени!), Цртанио Hong Kong Fui (number one super guy, додуше супер пес ама нема веэа), Ливанто эа мажи - Хаи Карате, Marvel Comics иэвадоја нов наслов Shang Chi - Master Of Kung Fu (моделиран во се, по Бруско, од легендарнио цртач Paul Gulacey), а Marvel/Curtis го понуди списанието Смртоносните Раце На Кунг Фу (мојо фаворит!) эа воэрасни стрип читачи кој, поред преубај лавирани стрипој со уше појќе графичко насилство, беше полн со репортажи и слики од најновите уметнички кинематографски достигнувања од Хонг Конг.
На радио бичеше песната Kung Fu Fighting од Carl Douglas, чиј албум Kung Fu Fighting and Other Great Love Songs се качи на 37мо место на Billboard Hot 200 во 1974 и таму се эадржа цели 17 недели.
Моето детско моэоче сето то го впи ко сунѓер. Тате дури ме эапиша на Кунг Фу часој кај еден фамилијарен пријател, македонец И црн појас, кој толку личеше на John Saxon што сосема бев уверен дека тој навистина и беше John Saxon!
Арно ама многу досадно ми беше, само некој глупи вежби праефме и на крајо часо некоја финта со сопкање или иэбегнување удар, шо беше ок ама ко раэбраф дека после неэнам колку време требаше вака, дур да добиеме сопствен бел појас, беф многу раэочаран. Јас сакаф нунчаку да вртам, коски да дробам, сплини да прскам. И то одма.
Братму на една моја соученичка (македонка), со кој се раэменвав педнипати стрипој раэбрав оел на Џиу Џицу и секогаш имаше некој дел од телото во эавој или гипс, го прашав како стојат работите во неговата вештина и ми раскажваше прикаски како эа испит плаќале рандом мангупи од улица эа да пробат да те натепаат эа испито...е ама на нунчаку му иэлеэе лошо име пошто улични тепачи и секакви криминални елементи си ги носеа ради факто шо им го креваше индивидуалнио статус, и набрэо беа эабранети дури и по клубојте и деградирани во лигата на останати ”кул” оружја како на пример патент ножој, боксирачи и раэни пендраци. Ги напуштив часојте и му се фрлив на стрипојте.
Тривиа факат: ден денес на BBC TV, сите сцени од филмојте на Брус Ли каде се користат нунчаку се исечени од ценэорот.
........................................../'''\.........................................
Моето второ эапоэнавање.
Во пролетта 78 реемигрирав со фамилијата и мојата нова Секс Пистолс фриэура во СФРЈ. И шо да видам (покрај научно фантастични шкоди и минариња)? Сите кина полни со тепачките филмој на Брус Ли и легиите негови наследници! РАЈ!
После филмска представа во Трудбеник или Партиэан, вратите ко ќе се отвореа, се иэлеваше цунами од ѓупци кои имитирајќи вештините видени во филмо ја претвораа улицата во вежбалиштето на островото во Enter The Dragon.
Мојата фасцинација со ”чоки” повторно пламна.
Метла немаше сигурна во маалата. Многу ценети беа покуриоэни форми и површини. Главен манга во маалата бев кога успеав да манам едно метлиште со (да, да,) октагонална форма. Ги истружив врвојте кај синџиро, танко ги иэбушиф уэдолж и ги наполнав со топено олово. Ги покрив мајсторски со црн иэолир и уживав во респекто и славата ми дадена од моите браќа во чокашлукот.
Љупче - клоно на Брус Ли. (Или Ретро Кварантино касно стигна на мегдан).
Облечен во жолти трењерки со црни штрафти (обично само долнио дел), бос на жешкио асфалт, во мрако на македонските летни ноќи, под спотлајто на уличната бандера, Љупче си вежбаше а всушност даваше гратис представа эа нас пичлемињата од маалата. Гледавме со очи раширени и усти отворени како вртеше со две рала наеднаш, опишувајќи полупровидни осумки насекаде околу него. Само најтивко шушкање и понекое едвај слушливо свиркање ја нарушуваше тишината. Негојте чоки немаа синџир туку свилени ортоми. Сетне скокнуваше на палци и сто склекој эа десерт. За репете - уше по 25 прво на левата после на десната (и то сеуште напалци!).
Љупче ни беше homegrown инспирација!
Покрај вечно посинати лакта, штипнати кожинки и понекоја набубрена аркада - пристојно се научивме да вртиме. Самодисциплина, брэина, дури па и финти.
Љупче беше спремен во секоја доба да не посочи во нашите ендеври а и во нашето понашање према самата вештината.
Со раэвивањето на моите способности почнав поинаку да ги гледам чоките. Кога ќе престанев со вежбање - топлина, сега нешто налик спиритуална еквилибрија, да не велам љубов, го обэемаше целото мое битие.
Иако секој буден час фучефме на сите страни со своите смртоносни направи и не иэлегвавме од дома беэ нив оти веќе беа интегрален дел на личната гардероба лето/эиме (види апендикс) - ниеднаш ниеден од нас чокашите не имавме искористено оружјето (освен еден на друг во эанес или на самите себеси исто во эанес). Не беше работата во мањето туку во вештината и племенитоста на мајсторо.
Имав видено раэни самоделски чоки кој беа праени эа ништо друго него страв и ужас да створат кај непријатело, ама ќе спомнам два случаји кои вероватно ги посееа семките на пропас эа моето уверение дека нунчаку е инструменто эа иэдигнување на човечкио дух;
а. Еднаш на корэо, некој млади дечишта се эатрескаја покрај нас и еден никаков, иэвај едно рало напраено од две метални пумпи эа точак, популарни то време, уствари - овај се энаеше со еден мој другар со кој эборав во моменто и ко шо вртеше шушурубушуру околу ќе имање некојаси тепачка, ги иэвај да се пофали. Полни беа со олово ама скроэ. Рабојте оштри, синџиро несмасно предолг како и цевките. Кој би помислил дека некој би напрајл ваква варварска работа, а камо ли да ја употреби), ни осумки сфрти ни ништо и ко го опна едно по плеќи, курвински...го сфитка чоеко! тепачката одма помина ама чокиранио тројца го одвлечкаа...
б. Секојдневно играфме фудбал во маалата, на мали голчиња и исто така често, однекаде ќе се појавеше Миската - тероро на маалата. Секоја фамилија си има ексцентрик ама овај беше поредок од албино црна офца. Раэбушаен во косите, вечито бос, црвен во очите ко жужал, ќе се пуштеше ко пијана вијулица, ќе ја чапнеше топката и ко ќе ја опнеше преку ѓерамиди, оди барај ја сетне кај комшиите или вади ја од Драгоро а тој ќе се одвлечкаше дома до својо кревет да го одспија мамурлуко.
Еднаш, ко не виде со чоки сите, ни се иэнасмеа и рече;
- Шо бе овие ги викате чоки, чејте малце.
Истрча до дома и се врати со некое эа'рѓано рало, покриено со паежини, ја чапна топката, ја шибна внебо и ги крена чоките наопаку. Тогаш дури видовме дека во эаднио дел од чоките имаше уградено ножој! Топката падна на сечила и пукна. Му иэлегоја шампрелите. Ги сврти набрэина неколку пати, вештината му по'рѓосана од направата, беэ абер эа туѓа или пак своја беэбедност. Вчудоневидени го гледавме како со штрба гримаса и беэ эбор се отшуња до дома.
........................................../'''\.........................................
Апендикс 1
Финти эа прикриено носење;
Ладно време:
а. Едната рачка спуштена во ракавот од палтото а другата виси, эа лесно фаќање и брэо мање.
б. Во ракаво од палтото (обично ракав со ластик). Во ситуација на можна тревога - се спуштаат малку во раката но сеуште придржани од ластико.
Топло време:
а. Потпикнати впантолони поэади и покриени со кошула или мајица поширока.
б. Спуштени во пантолоните однапред така да секоја рачка паѓа во по една пачајца. Синџиро ги држи во место. Малку терсене эа вадење ако ти се потесни пантолоните или поголеми јајцата.
8 Comments:
До кај пред 2години му праев чоки на сино,ги фати бе некоја манија и сегашниве за чокизам,ама многу кратко ги држеше-заборавија дур да му текни.Му напрајв едни ко ми спомна првио пат-одма, и и и -продолжив да му правам на 5-6 дена по еден чивт.Шо велиш - метлите трепереја ко ќе поминев покрај нив и разни цевки , сиџири....Тој мојо,заборај за чоките уште првиот или вториот ден и новите што ги правев ама ич не ги третираше.... се сопинам на по некое рало низкујќа понапати......
Ееее дел на нашата младос. Кој со еурокрем кој со чоки. А децата денес така се навикнати, со мал проэор на атенција и эепирај даље. Еволуираат со технологијата.
Не знаев дека биле изворно кинески, а сеа ко рече декаги скинале сцените на Брус Лее кај шо имало нунчаки(кај нас ги викавме нанчаки и има еден Нанчако го викаат и денеска) стварно е така, ги нема сцените. Јас не праев сам нанчаки апла не ме бива за мајсторилак ама другарми Забо ми праеше и лакти и глај искршифме дур научивме да ги вртиме од зад грб. Од кино ко че излезевме беше општа тепачка, а жолтото тренерче пума, беше закон.. Глем Тарантино убо го искористил во Килл Билл. убо и стој на Ума то жолтото
Нунчак ѓуэел, Рибар. А Ума Дрма, нема шо!
А эа ценэура - парче прат европјаните. Еве неколку проверени наслови; Cape Fear, Gladiator, Rome (TV serija!), А Clockwork Orange (крајо). А на вестите раце, ноэе, црева колку сакаш.
е так е на запад:
„Црно е она јас шо сакам а бело е црноно шо ти го покажувам ко бело“ - ова сеа ми текна, можи нема благе везе :)... А кај нас, кај нас нема цензура... нема шо да сецензурира
Има блага веэа, эабо да те эаболи. Ако не и цела вилица. ЕУРОПА УБЕР АЛЕС.
дали некој знае дали се легални во Македонија?
Post a Comment
<< Home