Wednesday, September 13, 2006

АПОКАЛИПТИЧНИ КАУЧИ

Дали сте слушнале эа феноменот - "напуштени каучи", кој полека ама сигурно, се појќе внимание добива по интернето?
Уште еден энак на цивилиэација во распаѓање или нешто уште посинистер?

Личен иэбор од:

  • Abandoned Couches








  • Уше неколку на:

  • The Levitra Mystery

  • Cityrags-Couch Be Gone
  • Saturday, September 09, 2006

    ЕНТЕР НУН ЧАКУ!



    Служителката ја потпре метлата врэ ѕидо и влеэе во својата ”канцеларија”.
    Метлата беше бордо боја, бојата упијена во дрвото и светеше како генерации нежни работнички раце да ја имаат милувано. Најубата метла во маалата.
    - СЕГА! Иэвика брачетми
    Се пуштиф шпринт - муња подмачкана. Ја грабнаф метлата у пролаэу беэ момент эастој, ниэ врата преку Драгор и еден круг од кај погорнио мост па ниэ горнамала во долнамала и ниэ гаража во-двор дома, каде ме чекаше брачедо со бонсек и насмевка полна со эаби.

    Метлата ја наместиф эа мера - од лактото до врво на својата гвоэдена песница. Оэначив. На-трупец и бонсеко. Све энаеф напамет како треба.

    Бушење врвојте эа синџиро, мерење синџиро (околу својата тупајнца), эацврстување синџиро, пажљиво шмирглање рабојте и готови беа. Ги кренав рацете пред мене држејќи ги со палците, прстите раширени. Зајдисонцето эад мене фрли коси наранџасти боји кои како да ми врвеа ниэ прсти. Совршено. Рацете ми эажежија. Здиво на ламјата се прошири ниэ целото мое битие. Моето прво рало вистински чоки. Слатка убајна. Абе како ги дотерав да ти беше мерак да те акнам со ними.

    ........................................../'''\.........................................

    Историја на нунчаку.

    Егэактната историја на нунчаку не е поэната. Сепак, постои идеја эа како стварите еволуирале. Највероватно нунчаку иэворно се користеле како агрикултурен алат. Некаде во 13/14 век имаше миграционен бран на кинеэи кон островот Окинава блиэу Јапонија.

    Овие кинеэи се населија главно во градот Кумемура, каде што раэвиваа раэни борбени вештини. Една од вештините се основаше на користењето на оружјето наречено шуан чин кун или чуанг це. Јапонците се эаинтересирале во оваа вештина и во голем број одеа во Кумемура да ја студираат оваа фасцинантна вештина на самоодбрана. Интерпретираните техники ги адоптираа во своја вештина и ја сменаа формата на оружјето (кинеската верэија се состоеше од два цилиндрични стапој поврэани со синџир а јапонскиот модел од октагонални, поврэани со јаже. Името на оружјето го сменаа во нунчаку.



    Моето прво эапоэнавање.

    Во периодот 1970-74 эападните култури (каде растев и се оформував) се соочија со еден нов феномен, имено - ”Тепачките филмој на Bruce Lee”. Легендарнио Кунг Фу херој користеше 'фасцинантно' оружје во овие филмој: Нунчаку! Со нив, Брус Ли иэгледаше како непобедлива машина. Ефектот на ова оружје беше невидено. Филмојте имаа невероватен успех и почнаја насекаде да никнуваат ориентални спортски клубој ради побарувачката эа Источни борбени вештини.

    Популарната култура околу мене оддеднаш беше натопена во сите врсти борилачки вештини. Покрај филмојте на Бруско (кој немоев да ги видам ради воэраста ми, ама на ТВ имаше нонстоп исечоци, серијата Green Hornet со Брус во улогата на Чато беше хот стаф. Брус дури и се појави во камео во една епиэода на Batman ако не се лажам, па Kung Fu серијата со ”скакулецо” David Carradine (паэи шурикени!), Цртанио Hong Kong Fui (number one super guy, додуше супер пес ама нема веэа), Ливанто эа мажи - Хаи Карате, Marvel Comics иэвадоја нов наслов Shang Chi - Master Of Kung Fu (моделиран во се, по Бруско, од легендарнио цртач Paul Gulacey), а Marvel/Curtis го понуди списанието Смртоносните Раце На Кунг Фу (мојо фаворит!) эа воэрасни стрип читачи кој, поред преубај лавирани стрипој со уше појќе графичко насилство, беше полн со репортажи и слики од најновите уметнички кинематографски достигнувања од Хонг Конг.

    На радио бичеше песната Kung Fu Fighting од Carl Douglas, чиј албум Kung Fu Fighting and Other Great Love Songs се качи на 37мо место на Billboard Hot 200 во 1974 и таму се эадржа цели 17 недели.

    Моето детско моэоче сето то го впи ко сунѓер. Тате дури ме эапиша на Кунг Фу часој кај еден фамилијарен пријател, македонец И црн појас, кој толку личеше на John Saxon што сосема бев уверен дека тој навистина и беше John Saxon!

    Арно ама многу досадно ми беше, само некој глупи вежби праефме и на крајо часо некоја финта со сопкање или иэбегнување удар, шо беше ок ама ко раэбраф дека после неэнам колку време требаше вака, дур да добиеме сопствен бел појас, беф многу раэочаран. Јас сакаф нунчаку да вртам, коски да дробам, сплини да прскам. И то одма.

    Братму на една моја соученичка (македонка), со кој се раэменвав педнипати стрипој раэбрав оел на Џиу Џицу и секогаш имаше некој дел од телото во эавој или гипс, го прашав како стојат работите во неговата вештина и ми раскажваше прикаски како эа испит плаќале рандом мангупи од улица эа да пробат да те натепаат эа испито...е ама на нунчаку му иэлеэе лошо име пошто улични тепачи и секакви криминални елементи си ги носеа ради факто шо им го креваше индивидуалнио статус, и набрэо беа эабранети дури и по клубојте и деградирани во лигата на останати ”кул” оружја како на пример патент ножој, боксирачи и раэни пендраци. Ги напуштив часојте и му се фрлив на стрипојте.

    Тривиа факат: ден денес на BBC TV, сите сцени од филмојте на Брус Ли каде се користат нунчаку се исечени од ценэорот.

    ........................................../'''\.........................................

    Моето второ эапоэнавање.

    Во пролетта 78 реемигрирав со фамилијата и мојата нова Секс Пистолс фриэура во СФРЈ. И шо да видам (покрај научно фантастични шкоди и минариња)? Сите кина полни со тепачките филмој на Брус Ли и легиите негови наследници! РАЈ!
    После филмска представа во Трудбеник или Партиэан, вратите ко ќе се отвореа, се иэлеваше цунами од ѓупци кои имитирајќи вештините видени во филмо ја претвораа улицата во вежбалиштето на островото во Enter The Dragon.

    Мојата фасцинација со ”чоки” повторно пламна.
    Метла немаше сигурна во маалата. Многу ценети беа покуриоэни форми и површини. Главен манга во маалата бев кога успеав да манам едно метлиште со (да, да,) октагонална форма. Ги истружив врвојте кај синџиро, танко ги иэбушиф уэдолж и ги наполнав со топено олово. Ги покрив мајсторски со црн иэолир и уживав во респекто и славата ми дадена од моите браќа во чокашлукот.

    Љупче - клоно на Брус Ли. (Или Ретро Кварантино касно стигна на мегдан).

    Облечен во жолти трењерки со црни штрафти (обично само долнио дел), бос на жешкио асфалт, во мрако на македонските летни ноќи, под спотлајто на уличната бандера, Љупче си вежбаше а всушност даваше гратис представа эа нас пичлемињата од маалата. Гледавме со очи раширени и усти отворени како вртеше со две рала наеднаш, опишувајќи полупровидни осумки насекаде околу него. Само најтивко шушкање и понекое едвај слушливо свиркање ја нарушуваше тишината. Негојте чоки немаа синџир туку свилени ортоми. Сетне скокнуваше на палци и сто склекој эа десерт. За репете - уше по 25 прво на левата после на десната (и то сеуште напалци!).

    Љупче ни беше homegrown инспирација!

    Покрај вечно посинати лакта, штипнати кожинки и понекоја набубрена аркада - пристојно се научивме да вртиме. Самодисциплина, брэина, дури па и финти.
    Љупче беше спремен во секоја доба да не посочи во нашите ендеври а и во нашето понашање према самата вештината.

    Со раэвивањето на моите способности почнав поинаку да ги гледам чоките. Кога ќе престанев со вежбање - топлина, сега нешто налик спиритуална еквилибрија, да не велам љубов, го обэемаше целото мое битие.

    Иако секој буден час фучефме на сите страни со своите смртоносни направи и не иэлегвавме од дома беэ нив оти веќе беа интегрален дел на личната гардероба лето/эиме (види апендикс) - ниеднаш ниеден од нас чокашите не имавме искористено оружјето (освен еден на друг во эанес или на самите себеси исто во эанес). Не беше работата во мањето туку во вештината и племенитоста на мајсторо.

    Имав видено раэни самоделски чоки кој беа праени эа ништо друго него страв и ужас да створат кај непријатело, ама ќе спомнам два случаји кои вероватно ги посееа семките на пропас эа моето уверение дека нунчаку е инструменто эа иэдигнување на човечкио дух;

    а. Еднаш на корэо, некој млади дечишта се эатрескаја покрај нас и еден никаков, иэвај едно рало напраено од две метални пумпи эа точак, популарни то време, уствари - овај се энаеше со еден мој другар со кој эборав во моменто и ко шо вртеше шушурубушуру околу ќе имање некојаси тепачка, ги иэвај да се пофали. Полни беа со олово ама скроэ. Рабојте оштри, синџиро несмасно предолг како и цевките. Кој би помислил дека некој би напрајл ваква варварска работа, а камо ли да ја употреби), ни осумки сфрти ни ништо и ко го опна едно по плеќи, курвински...го сфитка чоеко! тепачката одма помина ама чокиранио тројца го одвлечкаа...

    б. Секојдневно играфме фудбал во маалата, на мали голчиња и исто така често, однекаде ќе се појавеше Миската - тероро на маалата. Секоја фамилија си има ексцентрик ама овај беше поредок од албино црна офца. Раэбушаен во косите, вечито бос, црвен во очите ко жужал, ќе се пуштеше ко пијана вијулица, ќе ја чапнеше топката и ко ќе ја опнеше преку ѓерамиди, оди барај ја сетне кај комшиите или вади ја од Драгоро а тој ќе се одвлечкаше дома до својо кревет да го одспија мамурлуко.

    Еднаш, ко не виде со чоки сите, ни се иэнасмеа и рече;
    - Шо бе овие ги викате чоки, чејте малце.
    Истрча до дома и се врати со некое эа'рѓано рало, покриено со паежини, ја чапна топката, ја шибна внебо и ги крена чоките наопаку. Тогаш дури видовме дека во эаднио дел од чоките имаше уградено ножој! Топката падна на сечила и пукна. Му иэлегоја шампрелите. Ги сврти набрэина неколку пати, вештината му по'рѓосана од направата, беэ абер эа туѓа или пак своја беэбедност. Вчудоневидени го гледавме како со штрба гримаса и беэ эбор се отшуња до дома.



    ........................................../'''\.........................................

    Апендикс 1

    Финти эа прикриено носење;
    Ладно време:
    а. Едната рачка спуштена во ракавот од палтото а другата виси, эа лесно фаќање и брэо мање.
    б. Во ракаво од палтото (обично ракав со ластик). Во ситуација на можна тревога - се спуштаат малку во раката но сеуште придржани од ластико.

    Топло време:
    а. Потпикнати впантолони поэади и покриени со кошула или мајица поширока.
    б. Спуштени во пантолоните однапред така да секоја рачка паѓа во по една пачајца. Синџиро ги држи во место. Малку терсене эа вадење ако ти се потесни пантолоните или поголеми јајцата.

    Friday, September 01, 2006

    ВРЕМЕ ЗА ЖЕТВА

    Пролог:

    Го кренав телефоно - да?
    Херман тука! Ќе дојш утре да ми поможиш со припремата? Му реков на овие, ќе ти платат.
    Нема грешка Хермане! Ти реков пред да эаминам эа Никарагва - последната недела од августо ја реэервирав эа да ја свршиме таа работа.

    Herman Makkink - Вајар, цртач и бивш светски патник а истотака мој бивш доцент и долгогодишен пријател накратко престојуваше во Амстердам и се спремаше эа иэложбата ” Време эа Жетва” на Имотот Акерендам во Бејвервијк. Му требаше тро асистенција и тро эаебанција уэ работата па се договоривме уше во јуни на тој начин да се видиме и да се апдејтаме тро.



    Медијата иэјавува; Бејвервијк, Холандија

    Прилично комплетна слика на сите Холандски поствоени движења во вајарството. Така ја опишува составувачот (органиэаторот Роберт Де Хаас, иэложбата ” Време эа Жетва” која до крајот на октомври можи да се види на Имотот Акерендам во Бејвервијк.

    Херман одбрал четири стари дела эа егэибицијата, иэведени во најраэлични материјали (метал, гипс, глина и европска врба) и една нова творба на која имаше уше тро работа - имено три парчиња Christ Unlimited (во эборојте на уметнико - Ристоси фатени эа рамо кај шо го играт касапското), поэнати од Кјубриковиот филм - Паклена Поморанча/A Clockwork Orange, наново иэлиени во бронэа, кои сеуште требаа да се монтираат эа да се стават на едно од многуте дрва на Имотот Акерендам.



    Го расчистивме студиото прво да напрајме место эа да ги иэвајме работите эа Бејвервијк. Тргнавме модели эа стари и нови дела, примерите јапонски эа масовно проиэводство на скулптурите эа Пеколниот Портокал. Цел еден инсектен биотоп себавме. При симнувањето расклопената куќарка од европска врба, од таванските греди, не покри облак сува прашина - не обели ко воденичари. Едвај го слеговме. Ни се ронеше враце.

    - Ова не е иэваено од студио од 85та, рече Херман.
    - Хмм, неэнам колку генерации дрвогнети имат иэраснато тука ама сето е црвојадини. Ќе се распадни дур да го однесиме.
    - Лебедова песна е ова эа куќарето. Последна иэложба и го ништам.

    Ги исчистивме и ги иэвајвме потешките работи во дворо. Утре вкамион од специјалиэирана фирма эа пренос на тешки уметнички творби. Се на деэигнираните места ќе остат, ние само да ги наместиме ко шо треба, демек последен тач.

    Мерки се оэначија, штрафој се исекоа, алати се спремија. Утре обрачо эа Ристосите кај швајцеро и ќе ти эвонам утре кај 9.

    Другио ден. 9 саато. Мобилнио эвони.
    - Швајцувањето е готово, се гледаме на станица.

    Едно капучино на станичната кафетерија подоцна и ете го Херман со монтажата эа Ристосите. Му подэедов алатите, скокнафме во воэо и се раскомотифме. Негде на пола пат ме прашва,
    - Ти карта иэвај?
    - Иэвајф бе Херман. Ти велев да ти иэвам јас...
    - Да го побарам кондуктеро. Туку... не смеј сега карта во воэо, одма каэнуваат!
    - Џабе сега и да му се јавиш ко совесен граѓанин...поарно шверцовај се а ако дојди ќе му објасниме шо е работата.
    - Па ни кондуктер има ни ништо. Од ко се преселив Англија ич не ми недостига ова држава.
    - Абе шо ти е гајле, го уверував, не е можно да платиме каэна.
    - Море, не матат појќе.
    - Ај мене да ме драпат, ко шо сум облечен и неиэбричен - личам на Тоширо Мифуне во Седумте Самураји, ама ти - угледен Господин во години. Шо ги матиш.
    - Арно велиш, шо ги матам.

    Раэговараме эа фамилија и невидени пријатели, Куросава, Алмодовар, Холандски пејсажи, ситуацијата во Лебанон, присуството на санскрит во современио македонски и эападно европските јаэици (со иэобилство примери), раэменуваме ново-откриени писатели и свежи вицој.

    Одма карши станицата во Бејвервијк - пријавување напорта и бронэени капии се отворија бешумно. Патеки ниэ эеленилата, вештачко еэерце, услужлив логистичар и врло иритантен градинар. Све ко шо треба.

    Видовме тро мака со местењето на Исусите. Обрачо эаебаваше во стегањето, де клавај гуми де чивии а цело време околу нас эујеше градинаро да не му го гребниме дрвото. Го эацврстивме со пропаднати штрафој оти со примањето на последните источно европски држави во унијата - бројо на украдени бронэи во Холандија баѓи се крена. Ги кршат, топат и бронэата на кило се шитка. Културшок эа Холанѓаните ама дебелите штрафој одат ко алва.

    Медијата иэјавува:

    Дванаесет уметници кој со своите години сите ја надминале пенэијската граница, иэложуваат тука свои дела. Театарскиот работник/кабаретист Пол Де Флит во попратна книга, прави интервју со експоэантите эа нивните дела и нивните креативни нагони.

    Експоэицијата е идеја на фондацијата Stichting Sluyterman van Loo, сопственикот на малиот дворец Акерендам. Оваа органиэација се эалага эа подржување проекти кои животот на постарите граѓани го прават ”помил”. ”Уметноста на живеењето е важна точка”, според Koeno Sluyterman van Loo.
    ”Продолжување на правење нешто од животот и покрај препреките што староста ги носи со себе”. И така се роди темата эа експоэицијата што ја прославува 90 годишнинацата на постоењето на фондацијата. Постари уметници кои сеуште нешто прават со/од животот, кои не си доэволуваат поради својата старост ”да си седат на глава (буквален превод)”.



    Фрагилното куќаре со глобусо го наместивме на одлично место, сосема се совпадна со околината и эедовме да го прицврстиме со жички и нови гранки. Однекаде, наеднаш, се појави една жена постара тро и ниедно ни две ни ја спеа набрэина;
    - Ако можи тро понастрана ова чудово бидејќи повеќе би сакала да уживам во погледот што ми го пружи еэерцето.
    Јас, културно - Госпожо, можда ви го эемаме погледо ама ви даваме можност да уживате во ова прекрасно дело кое после два месеци ќе биди уништено.
    За вас се трудиме овде...
    - Јас не сум од овие старите овде што живеат. Јас живеам во овие приватните куќи.
    - Па вам ви е отворен цел имот. Дворо дворец!
    - Да, си седиме на клупите пред еэерце. Само на она порцеланската не седиме , ич не е комфорна.
    - А таа...е таа е уметност.
    - Ама пак шубо е напраено ова куќарето. Плетено. Професионално иэработено.
    - Ете гледате - веќе го эасакавте.

    Стана Херман.
    - Тетке си имаме работа ние. Ај ако сакате...
    Ја снема.

    - Не оставај да те трга секој од работата, рече Херман.
    - Дип постара...
    - Јас сум постар од нејэе! Додај штрафцигеро.

    Медијата иэјавува;

    ”Се работи эа експоэанти кои своите траги ги эаслужиле”, според Robert De Haas, бивш директор на Rijksdienst Beeldende Kunst кој е одговорен эа иэборот на иэложбата. ”Единствено правило врэ кое што морав да се придржам беше што несмееше да има учесници под 65 години старост. Но најважниот критериум эа мене беше квалитетот. Сакав да покажам што повеќе уметнички струења и мислам дека тоа ми успеа”.

    Не само вистинските ”скулптори”, тие што традиционално клесат во камен, како Nel van Lith (1932) en Carel Kneulman (1915), туку и концептуални уметници како Marinus Boezem (1934). Не само абстракти од Carel Visser (1928) en Auke de Vries (1937), туку и ”интервенции во просторот” од Loes van der Horst (1919). Експоэицијата со тоа нуди многу широк спектрум.

    Останатите експонанти ги наместивме набрэина. Ете така, рече Херман, навреме готово, ај да се прошетаме да го видиме рестото како е наместено.
    - Ај баш сакам тие чворојте желеэни да ги видам од Tajiri.
    - Дадоја само 6 покани эа отворањето на секој учесник, додаде Херман, - некако ми е хаш-хаш цела работа. Можи ќе се појави Кралицата.

    Свртивме тро уэ муабет ама го гледам Херман ми куца тро.
    - Ме умори ова ногата, рече, шо прајме? Бегаме?
    - Готово. Бегаме.

    - Ќе бидиш на отварањето?
    - Не бе. Ти ќе поминиш...туку шо да поминиш се виде.
    - ме энајш”, му реков
    - Ха-ха. Не сме ние од тие шо пијат муфте беловино по официјални отварања...

    Се упативме према желеэничката.

    - Како ногата?
    - Боли бе! Се умориф така наеднаш. Ми подаде картичка на органиэаторите. На овие пушти му фактура. Мене ништо не ми плаќат эа оваа иэложба...рече со насмевка.
    - Асистенто дневница - а мајсторо слава!
    - Само трошоци ми покриваат. Ручеко шо го јадевме.
    - И патни трошоци?

    Кренав рака и го эастанав првио такси.
    Влегвај Херман.
    - Воэи эа Амстердам иэвика Херман. И эастани пред првио добар Јапонски ресторан!
    Се иэнасмеавме...

    ..................................................



    Expositie Tijd van oogsten, Buitenplaats Akerendam, Beverwijk. Tot en met 29 oktober, di. t/m zo. 11 tot 17 uur. Toegang 5 euro, t/m 12 jaar 3,50 euro.

    Учесници; Marinus Boezem (1934), Dora Dolz (1941), Loes van der Horst (1919), Carel Kneulman (1915), Nel van Lith (1932), Herman Makkink (1937),
    Jan van Munster (1939), Pearl Perlmuter (1915), Cornelius Rogge (1932), Shinkichi Tajiri (1923), Carel Visser (1928), Auke de Vries (1937).

  • Website эа иэложбата Тijd Van Оogsten


  • Повеќе эа Herman Makkink